Брера и Работнички во два натпревари постигнаа 14 гола - дебармаалци конечно славеа на гости!
Резултатот беше отворен од првата посериозна прилика кога Езеб уште во петата минута стрелаше за 1-0. Брера веќе во 18-тата се погрижи за израмнување, а стрелец беше Миле Тодоров. Сепак, по нешто повеќе од половина час игра повторно на сцена стапи Езеб кој со својот втор гол обезбеди повторно водство на дебармаалци.
Со предност од 2-1 Работнички замина и на паузата, додека во првите минути од вториот дел и го решија прашањето на победникот. Набрзина во 51. и 52. минута постигнаа два гола преку Сухејљ Мухарем и Никола Манојлов, со кои поведоа со 4-1. До крајот Брера се обиде меѓутоа не успеа целосно да се врати во натпреварот, па само го ублажи поразот.
Интересно е што овој резултат е идентичен како на претходниот помеѓу овие две екипи со тоа што тогаш Брера на гости во Скопје победи со 4-3.
Овој триумф за Работнички е прв по седум порази во низа во Првата лига, а исто така е и прв гостински триумф. На табелата тимот е претпоследен со 10 бода, девет помалку од Македонија Ѓорче Петров и Пелистер, Брера на шестата позиција со 23 освоени бодови.