Пелистер се договорил со Израелец од Романија!

Eкипата на Пелистер во наредниот период би можела да добие ново засилување на позицијата среден бек и тоа со израелскиот ракометар, Јоав Лумбросо кој во оваа сезона го носи дресот на Динамо Букурешт.

Според информациите на романскиот „Проспорт“ договорот помеѓу актуелниот македонски шампион и ракометарот е на повидок, а во Битола очекуваат тој да биде големо засилување.

Во изминатиот период неговото име се поврзуваше и со Вардар, а во кариерата настапувaше уште во екипи како, Ајзенах, Лимож и Бенфика, дресот на Динамо го облече пред две години.

Ќе потсетиме, Пелистер вчера го потврди ангажманот на Хрватот, Никола Граховац.

Фото: EPA