Линдзи Вон тешко ја поднесува болката, петтата операција траела шест часа
Во Тревизо, Италија, Вон имаше четири операции на скршената нога, а по враќањето во САД сега потврди и дека петтата операција поминала успешно, но дека опоравувањето е напорно.
„Само кратко известување… мојата последна операција помина добро. Траеше нешто повеќе од шест часа. Се опоравувам, но тешко е да се поднесе болката. Напредокот е бавен, но се надевам дека наскоро ќе излезам од болницата. Ви благодарам на сите за поддршката“, напиша Вон.
Скршената потколеница на левата нога е исклучително комплексна, поради што опоравувањето ќе трае подолго од очекуваното.
Ќе потсетиме, Вон на трката во спуст падна 13 секунди по стартот од своето возење, по што следеше интервенција на медицинските лица.