Прилепчанец објави дека ќе се самозапали ако не се одигра мечот меѓу Победа и Новаци!

Поранешниот шампион и освојувач на Купот на Македонија, Победа од Прилеп се соочува со најтешката криза во историјата и постои можност да не настапи во пролетниот дел од сезоната во Втората лига, а ова предизвика реакција и од навивачите.

Еден од најверните навивачи, Кире Иваноски - Балче објави порака на социјалните мрежи дека ќе излезе од болницата во Отешево и ќе присуствува на дуелот меѓу Победа и Новаци, а доколку прилепската екипа не настапи, тогаш најави дека ќе се самозапали на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во градот.

„Излегувам од болница Отешево и доаѓам в сабота на натпреварот Победа – Новаци. Во спротивно земам збогум со моите прилепски фудбалџии и се самозапалувам на центарот на фудбалскиот храм, Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп! Нема сила што може да ме спречи! Амин!!! Збогум! Се за Победа! Победа вечна, народе мој! Животот мој зависи од Победа Прилеп и од вас, фудбалџии мои драги и мили! Амин!“, објави Иваноски на Фејсбук.

Победа утре треба од 14 часот да се соочи против Новаци.

Фото: Кире Ивановски