Нејмар оваа година ќе стави крај на кариерата!?
Нејмар вели дека 2026 може да биде неговата последна сезона во професионалниот фудбал, а Светското првенство да му биде последен настап во кариерата.
Тој на почетокот од овој месец наполни 34 години, но постојано се соочува со проблеми поради повреди и тоа би било главната причина за евентуалното рано завршување на кариерата.
„Не знам што носи иднината. Можно е наскоро да одлучам дека е доста и дека сакам да одам во пензија. Живеам од година за година“, вели Нејмар.
„Оваа година е многу важна, не само за Сантос и бразилската репрезентација, туку и лично за мене“.
Нејмар се надева дека ќе се најде на списокот на Карло Анчелоти за Светското првенство иако тешко е за верување дека Италијанецот ќе се реши да го повика бидејќи досега не се нашол на неговиот список, а не ни направил нешто повеќе за да биде викнат.
„Очигледно ми треба малку повеќе ритам, но со упорност ќе стигнам до 100 проценти. Ќе живеам година по година. Не знам што ќе се случи, сè зависи од моето срце. Ден по ден“, додаде Нејмар.