Васиљев го напушта Пелистер и се сели во Унгарија

Денис Васиљев на крајот на сезоната ќе го напушти актуелниот македонски шампион Пелистер и ќе се пресели во унгарски Балатонфуреди.

Рускиот ракометар потпиша двегодишен договор со екипата од Унгарија, па така по две сезони и официјално ќе си замине од Битола.

Васиљев претходно играше за Мотор Запорожје, Чеховски Медведи и Динамо Астрахан.