
Вардар убедливо го победи Пролет
Во малата сала од СЦ „Јане Сандански“, Вардар имаше комплетна доминација над тимот на Пролет. Уште на стартот од мечот беше отфрлена секоја можност за изненадување.
Како одминуваше мечот вардарци го зголемуваа водството, на полувремето имаа двојно повеќе дадени голови од противникот, беше 16-8.
Во второто полувреме ја тргнаа педалата од гас, рутински ја одржаваа предноста, го зголемија водството за уште некој гол и победија со конечни 31-20.
Најдобар стрелец кај Вардар беше Стефан Петриќ со седум гола, Родригез постигна шест погодоци. Во составот на Пролет, Василевски и Мајнов погодија по четирипати.