Вардар „броеше“ до 40 против најслабиот тим во лигата

Ракометарите на Вардар по порзот на дербито во Битола денеска во рамките од 17. коло запишаа лесна и очекувана победа против Радовиш со 40-26.

Раадовиш е најслаб тим во првенството и единнствен кој е без победа, па разликата во квалитетот беше очигледна и на теренот.

Многу брзо уште во почетните минути Вардар почна да се „одлепува“, па на паузата веќе водеше со 22-13.

Во вториот дел Вардар веднаш отиде и на двоцифрена разлика која гостите не ја спуштија во ниту еден момент, па на крајот избраниците на Чупиќ славеа со 14 голови разлика.

Претходно денеска во првиот натпревар Бутел успеа да слави победа против Пролет со 26-23.