Леверкузен го реши Келн, Терие го постигна голот на сезоната во Бундеслигата! (ВИДЕО)

Баер Левверкузен на свој терен славеше победа над Келн со 2-0, а во овој натпревар го видовме веројатно и најубавот гол од почетокот на сезоната.

Првото полувреме не донесе погодоци и мрежите мируваа, победата Леверкузен ја обезбеди во само шест минути.

Прво Мартин Терие на феноменален начин со пета по нафрлувањето на Артур успеа да го измами противничкот голман, за потоа Ендрих во 72. минута да стрела за конечни 2-0.