ПСЖ тргна фуриозно, па стравуваше за победата против Мец (ВИДЕО)
Тргнаа добро избраниците на Луис Енрике и во 31. и 39. минута постигна два гола, а Мец се врати во игра во финишот од првиот дел преку Демингуе.
Стигна ПСЖ и до трет гол во 63. минута кога Дуе го најде патот до мрежата, но и покрај тоа на крајот фаворитот стравуваше за трите победа. Тиситашвили на десетина минути пред крајот намали на 3-2, а потоа во продолжение Мец имаше и прилики да дојде до израмнување, но ПСЖ сепак ги освои трите бода.