Тотална лудница на Емирејтс: Арсенал со два автогола се спаси од шок (ВИДЕО)
Се што беше важно на овој меч се случи по 70. минути, а особено шокантен беше финишот во кој гостите израмнија и се заканија дека ќе направат врвна сензација. Интересно е тоа што фудбалерите на Вулверхемптон ги постигнаа сите три гола на овој меч, но два од нив завршија во нивната мрежа.
Резултатот беше отворен во 70. минута кога по еден корнер, домашниот голман Џонстон не ја процени добро топката, таа удри во стативата и од него влезе во голот. Домаќините продолжија да напаѓаат, но не успеаја да го затворат мечот, па казната за тоа стигна во 90. минута кога Арокодар со глава го совлада Раја. И кога се чинеше дека Вулверхемптон ќе направи врвна сензација, гостите си постигнаа уште еден автогол, овојпат преку Москвера.
„Топчиите“ сега имаат 36 бода, пет повеќе од Манчестер Сити, но евидентен е падот во нивната форма во последно време.
фото: EPA photo