TФТ го доби Гостивар и се врати на првата позиција

Тимот на ТФТ славеше на гости кај Гостивар со 93-83 и така по десет кола се врати на лидерската позиција на табелата.

Првата четвртина донесе израмнета игра и на семафорот стоеше 21-21, додека во втората по еден краток блесок на гостиварци, ТФТ ја презема контролата и констатно ја одржуваше.

Во второто полувреме беа повеќе шутерски расположени од противникот и успеаја да слават.

Најефикасен кај ТФТ беше Џастон Гордон со 19 поени, Ташовски го следеше со 16, додека на спротивната страна Абрам уфрли 18 и Елеребе 17.

На врвот на табелата ТФТ има скор од 9-1, додек Гостивар на претпоследното место е на 2-8.