Фламенго ги среди африканците и си закажа финале со ПСЖ (ВИДЕО)
„Црвено-црните“ го добија и трофејот од Челинџер Купот од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, по повод денешната победа. Бразилците доминираа во првото полувреме, додека Египќаните ја презедоа иницијативата во второто полувреме. Сепак, Фламенго успеа да го надмудри противникот со два гола по слободни удари на Жоржин Де Араскета. Лео Переира го отвори резултатот со глава во 24. минута, додека Данило погоди во 52.
Фламенго сега ќе се соочи со европскиот шампион ПСЖ, кој веќе обезбеди место во финалето, во натпревар што ќе се одржи на 17 декември во Доха.