Барселона се мачеше со Осасуна, а потоа на сцена стапи - Рафиња! (ВИДЕО)

Екипата на Барселона ја продолжи победничката низа во Ла Лига и денеска славеше триумф над Осасуна од 2-0.

Првото полувреме на „Камп Ноу“ донесе возбудувања, но на пауза се замина со почетниот резултат. Видовме и еден поништен гол на Барселона по ВАР реакција поради бизарна офсајд ситуацијата (TУКА).

Победата избраниците на Флик ја обезбедија во завршницата, а херој беше Рафиња. Бразилецот прво го отвори резултатот во 70-тата минута за потоа во 86-тата да го потврди триумфот.