ВАР ѝ поништи гол на Барселона поради бизарен офсајд (ФОТО+ВИДЕО)

Барселона и Осасуна попладнево го играат натпреварот од 16. коло во Ла Лига, а по првиот дел не видовме погодоци, поблиску до водство беа домаќините кои и ја погодија мрежата.

Феран Торес ја затресе мрежата на Осасуна, меѓутоа неговиот погодок беше поништен поради недозволена позиција која претходеше во акцијата. Додавањето, немаше речиси никакво влијание на погодокот, сепак судиите во ВАР собата реагираа и му сигнализираа на арбитрот на теренот.