Пелистер во Кавадарци им се врати на победите
Пелистер патот кон победата започна да го трасира во втората четвртина, откако во првата видовме изедначена игра и домаќинот водеше со 29-28. На одмор битолскиот состав замина со предност од 55-47.
Тиквеш уште еднаш се доближи на стартот од третиот период до 63-60, меѓутоа тука застанаа, а Пелистер до крајот дојде до водство од 82-66 за во последниот период само рутински да ја заврши работата.
Најефикасен беше Малешевиќ со 26 поени, Дејвис, додаде 24, а Митрески 19. Кај домаќините се издвои Хоукинс со 25.