Салах се врати и заигра подобро, Ливерпул победи! (ВИДЕО)
Салах по разговорот кој го имаше со Слот во текот на вчерашниот ден беше вратен во тимот, а денеска во игра влезе во 26. минута по повредата на Џо Гомез. „Црвените“ го отворија резултатот од првата прилика со голот на Екитике по една минута игра.
Истиот фудбалер стрелаше и по еден час игра, тогаш во голот учествуваше и Салах кој имаше улога на асистент.
Со истиот резултат како Ливерпул, во истиот ермин победи и Челси. Стрелци беа Палмер и Густо во првото полувреме.