Српски џин ќе го брани голот на Вардар од следната сезона!?

Српскиот ракометен голман Милан Бомаштар следното лето го напушта француски Шартр и се сели во поранешниот европски шампион Вардар, објави „Моцарт Спорт“.

На адресата на поранешниот голман на Металопластика во последните месеци пристигнале многу понуди, но третиот голман на репрезентацијата на Србија се решил да го облече дресот на скопскиот гигант.

Вардар продолжува со градење на екипа за следната сезона, па освен новиот голман треба да пристигнат и Жоао Педро Да Силва и Вукашин Воркапиќ.

„Црвено-црните“ во моментов се лидери во домашниот шампионат со 30 бодови, по што следи Пелистер со 28 поени, додека трет е Алкалоид со 27 бода.