Познат новиот тренер на Реал Мадрид - се чека само кикс на Алонсо!
Управата на „кралевите“ наводно се решила да го ангажира поранешниот фудбалер Алваро Арбелоа, а се очекува да седне на кормилото ако Алонсо направи кикс против Алавес.
Голем број тренери во изминатиот период се поврзуваа со „кралскиот тим“, но Арбелоа е најсериозен кандидат затоа што е во одлични односи со претседателот на клубот, Флорентино Перз.
Арбелоа од оваа сезона го води Б-тимот на Реал Мадрид и се наоѓа на четвртата позиција на табелата.