Семејството Ањели доби понуда од 1,1 милијарда евра за да го продаде Јувентус

Јувентус наскоро би можел да добие нов сопственик, а тоа е компанијата „Тетер“ која нуди 1,1 милијарда евра за да ги откупи ацкиите на семејството Ањели.

„Тетер“ ветува дека по комплетирање на трансакцијата ќе вложат уште една милијарда евра за развој на калчолигашот.

Генералниот директор на „Тетер“, Паоло Ардоино е голем навивач на Јувентус, а компанијата веќе има 10 отсто од акциите на тимот до Торино.