Неверојатна љубов кон Меси: Навивач ја напушти сопствената свадба за да го види идолот (ФОТО)

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси пристигна во Индија каде што го пречекаа илјадници навивачи, а еден од нив шокира со изјавата пред новинарите.

Навивач во Индија го пречека својот идол, но интересно е тоа што решил да си ја напушти сопствената свадба само за да го види Аргентинецот.

„Денеска е мојата свадба, но заминав од церемонијата за да бидам тука и да го видам Меси“, кажа навивачот.