УЕФА одлучи дали ќе ја врати Русија – на многумина нема да им се допадне решението!

Европската фудбалска унија (УЕФА) и официјално потврди дека руската фудбалска репрезентација нема да учествува ниту во следното издание на Лигата на нации, продолжувајќи ја суспензијата што е на сила од 2022 година.

На официјалната интернет-страница на УЕФА е објавен списокот на 54 репрезентации кои ќе настапат во новото, петто издание на Лигата на нации, како и распоредот на групите, а меѓу нив повторно не се најде руската селекција. Русија е наведена на самото дно од листата на европски национални тимови, со јасна напомена дека останува „суспендирана до понатамошно известување“, иако веќе има најави за прекин на војната, а мислењето најавноста е дека ако Израел може да игра, тогаш и оваа држава мора да биде вратена во систем.

Рускиот фудбал е под суспензија од февруари 2022 година поради агресијата врз Украина, поради што клубовите и националниот тим не учествуваат во натпреварувањата под капата на УЕФА. Истата одлука ќе важи и за претстојниот циклус на Лигата на нации. УЕФА во меѓувреме испратила официјална покана за учество до сите европски фудбалски федерации, освен до руската, при што сојузите треба да се изјаснат најдоцна до 9 јануари.

Од воведувањето на суспензијата, Русија веќе пропушти две изданија на Лигата на нации, како и по едно Светско и едно Европско првенство, а отсуството ќе продолжи и во наредниот натпреварувачки циклус.