Неверојатен пресврт на Партизан: Ц. Звезда прокоцка „плус 16“ и изгоре во белградскиот „пекол“
Жестока беше борбата меѓу двете екипи од самиот почеток, а „црвено-белите“ на полувреме заминаа со предност од 39-35.
Ц. Звезда водеше и со „плус 16“ во третата четвртина, но потоа следеше неверојатен пресврт од Партизан кој триумфира на крајот со 79-76.
Херој на „црно-белите“ беше Двејн Вашингтон кој го заврши натпреварот со 25 поени, а погодуваше кога беше најпотребно за Партизан.
На спротивната страна Џеред Батлер и Џордан Нвора постигнаа по 20 поени, но на крајот тоа беше залудно за Ц. Звезда.
Останати резултати:
Барселона – Олимпијакос 98-85
Виртус Болоња – Хапоел Тел-Авив 74-79