Вембањама го понижи Србинот: Јокиќ дефинитивно не е најдобар кошаркар во НБА!
Тој смета дека има дури двајца што се подобри од Србинот.
„Мислам дека Јокиќ е најдобриот офанзивен играч, но не сметам дека е најдобар играч генерално. Тешко е да се каже – според мене, тоа е меѓу Јанис Адетокумбо и Шеј Гилџис-Александер. А кога ќе се вратам јас на теренот, мислам дека тоа ќе бидам јас“, изјави самоуверено младиот Французин.
Неговото враќање доаѓа во исклучително важен момент за Сан Антонио спарс. Вембањама доби „зелено светло“ од медицинскиот тим и ќе биде подготвен да настапи во сабота против Оклахома Сити Тандер, во „Ти-Мобајл арената“ во Лас Вегас. Натпреварот има двојна важност – ќе го одлучи финалистот во НБА Купот, но истовремено ќе се смета и како дел од регуларната сезона.
„Се чувствувам добро. Малку сум уморен бидејќи штотуку завршив кардио тренинг, но генерално се чувствувам одлично. Мислам дека во последните две недели, можеби и цел месец, ги работевме вистинските работи. Подготвен сум“, додаде Вембањама.