Крај на приказната: Ендрик заминува од Реал Мадрид по секоја цена!
Шпанските медиуми пишуваат дека Ендрик повеќе нема да чека шанса од тренерот на „кралевите“, туку решил да замине на позајмица во Олипик Лион.
Ендрик пристигна во Реал Мадрид во 2024 година за речиси 50 милиони евра, меѓутоа не ги исполни очекувањата и не ја презема лидерската улога во тимот.
Бразилецот вториот дел од сезонава ќе го одигра на позајмица во седумкратниот француски шампион, по што ќе се разговара за неговата иднина.