Борбата меѓу Џејк Пол и Ентони Џошуа ќе биде наместена!?

Деонтај Вајлдер привлече големо внимание на американската јавност, откако обвини дека бокс-мечот меѓу Џејк Пол и Ентони Џошуа ќе биде наместен.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија е уверен дека борбата, која е закажана во Мајами, не е спортско натпреварување какво што им се претставува на фановите.

„Мислам дека борбата ќе биде наместена. Мислам дека сите борби се наместени на Пол. Тоа е само мое цврсто мислење“, обвини Вајлдер.