Лацио даде гол со двајца фудбалери помалку и ја победи Парма (ВИДЕО)

Во еден тежок дуел по два натпревари во кои имаа победа и пораз, Лацио денеска славеше над Парма со минимални 1-0.

Гостите од Рим успеја да слават, иако имаа две исклучувања. Прво во финишот од првиот дел исклучен беше Закањи, а потоа во 78-та минута предвреме натпреварот го завршии и Бешиќ.

Сепак, дури и со двајца помалку, Лацио постигна гол преку Нослин во 82-та минута и така запиша триумф.