Ривалството меѓу Вардар и Пелистер е едно од најголемите во Европа

Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави листа од пет најголеми ривалства во Европа, а едно од нив е македонското меѓу Вардар и Пелистер.

ЕХФ ја објави листата на која дербито меѓу македонските ракометни гиганти се наоѓа на петтото место.

На првата позиција е пресметката меѓу Барселона и Кил, а по нив следат дуелите на Кјелце – Висла Плоцк, Веспрем – Пик Сегед и ПСЖ – Монпелје.