Радовиш со нула бодови ја заврши Суперлигата
Последниот, 22. пораз го доживеа денеска на гостувањето кај Прилеп каде загуби со 16-38. Во плејаутот, радовишани ќе влезат како убедливо последнопласирани и ќе биде многу тешко да обезбедат опстанок во елитната конкуренција.
Што се однесува до Прилеп, по овој триумф се искачи на шестата позиција, последна која води во плејофот, но прашање е дали може да остане таму. Прилепчани имаат 20 бода, колку и Бутел и Пелистер 2, но со натпревар повеќе, па потребно им е ривалите да загубат утре за да остане на шестото место.