Беше дел од академиите на Јунајтед и Ливерпул, сега е обвинет за обид за убиство!
32-годишниот Лејси, кој поголемиот дел од својата професионална кариера ја поминал во англиските пониски лиги, е обвинет по пукотницата на 28 ноември во која маж на возраст од околу 20 години бил застрелан во ногата, објавува „Дејли меил“.
Полицијата била повикана по пријави за истрели во дворот. Жртвата била однесена во болница со сериозни повреди.
Полицијата од Мерсисајд спроведе обемни претреси низ Ноузли, Сефтон и Ливерпул во четвртокот, а Лејси, поранешен играч од средниот ред на Акрингтон Стенли и Бароу, бил уапсен.
Лејси е обвинет и за заговор за убиство, поседување пушка и муниција со намера за загрозување на животот, тешка телесна повреда и заговор за тешка телесна повреда. Лејси, кој не играл клупски фудбал од 2023 година, исто така имал боксерска кариера со резултат од 12-1.
„Овие координирани претреси беа спроведени како дел од тековната истрага и сите четворица мажи ќе се појават на суд денес“, рече детективскиот инспектор Крис Кларк, од тимот за истрага на огнено оружје на полицијата во Мерсисајд.