Пелистер ја продолжи победничката серија во првенството
Тоа е петти триумф по ред за битолскиот тим во првенството со што се бетонираа на третото место на табелата. Фаворитската улога беше јасно на нивна страна против најслабиот тим во лигата, а тоа го оправдаа со сигурна игра во текот на сите 40 минути.
Ангели и покрај убедливиот пораз на разочараа, беа рамноправни во првата четвртина, но подоцна до израз дојде квалитетот на домашниот тим. Одлучувачка беше серијата од 16-0 во втората четвртина по која Пелистер отиде на 43-27 и повеќе немаше дилема околу победникот.
Вилсон беше најефикасен играч на мечот со 26 поени на кои додде девет скока. Ренг ги предводеше Ангели со 16 поени.