Пелистер немаше милост за Куманово, Радивојевиќ даде 14 голови!

Актуелниот македонски шампион по настапот во Лигата на шампионите им се врати на домашните обврски, во првиот меч од 22. коло тие победија на гостувањето кај Куманово со 43-19.

Пелистерци како да го истурија бесот врз Куманово по поразот од Висла. Немаа милост за денешниот противник и буквално го понижија.

Победникот на овој меч се знаеше однапред, но и најмалите надежи на кумановци, доколку воопшто постоеја, беа уништени во првото полувреме кога Пелистер водеше со 22-10.

Во вториот дел домаќинот постигна само девет погодоци, а Пелистер продолжи да полни во исто темпо до конечни 43-21.

Убедливо најдобар на теренот беше Богдан Радивојевиќ кој постигна 14 погодоци, одличен беше и Павле Атанасијевиќ со осум гола од исто толку обиди. Во составот на Куманово најдобар беше Христијан Вујицевски со шест голови.

Ова коло е и последното од регуларниот дел на сезоната, почнува плејоф-фазата.