„Ми нудеа пари за да зборувам лошо за Роналдо“
Љубовната врска меѓу Аткинсон и Роналдо се случуваше во 2007 година кога Роналдо играше за Манчестер Јунајтед, а Гема беше позната по својата улога во популарната серија „Hollyoaks“.
Откако тие раскинале, на Аткинсон ѝ нуделе високи суми за јавно да говори лошо за Роналдо.
„Откако ја прекинавме врската ми нудеа многу пари да говорам лошо за него. Не го сакав тоа“, изјави Аткинсон.
Денес, таа е во брак со Горка Маркез, со кого има две деца и води мирен семеен живот далеку од вакви приказни.