Новиот Металург јуниор, формиран од поранешниот прв човек на вистинскиот Металург, Ристо Чокрев денеска тргна фуриозно на своето деби. Во првата ракометна лига (втора по ранг во земјава), Металург јуниор го победи Текстилец со 16 голови разлика.

Славеа ракометарите на овој нов проект со 37-21 и тоа со неверојатно второ полувреме во кое примија само седум гола, а дадоа дури 20 (17-14 беше на паузата за Металург јуниор).

Најдобар стрелец на мечот беше Гичев со 11 погодоци, Новаковиќ погоди шест, Ѓуроски додаде пет гола. Овие тројца впрочем дадоа за гол повеќе од противникот и практично сами го победија. Инаку голманот Ивановски имал 14 одбрани.

ФОТО: фејсбук-страница на Металург јуниор