Немања Прибак сам го победи Еурофарм Работник

Еурофарм Работник го запиша и вториот пораз на Струшкиот турнир, денеска многу потешко и со поголем отпор во споредба со вчерашната средба со Целје.

Битолчани овој пат загубија од Бешикташ, со 29-31, а најзаслужен за нивниот неуспех е македонскиот репрезентативец Немања Прибак. Средниот бек заврши со девет гола, од кои пет постигна во последните 15-тина минути, чувајќи ја предноста на турскиот првак.

На спротивната страна се истакна Горан Кузмановски со 11 погодоци. Еурофарм постојано беше во негатива, но тесна и дофатлива, па затоа често изедначуваше, како на пример 15-15 на паузата.