
Ќе биде жестоко: Вардар пак против Алкалоид, а Пелистер ќе војува против домаќинот!
Средбите ќе се одиграат во спортската сала „Билјанини извори“, каде што полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 31 мај во 17 односно 19.30 часот, додека финалето е на програмата на 1 јуни со почеток од 17.30 часот.
Алкaлoид е бранител на трофејот, а дуелот со Вардар е репризан на ланското полуфинале, во кое фармацевтите триумфираа, а потоа во финалната пресметка го победија Пелистер, освојувајќи го својот прв трофеј во клупската историја.