Мармуш со проектил од 30 метри ја „скина“ мрежата на Кепа (ВИДЕО)

Манчестер сити води со 1-0 против Борнмут во мечот од 37. коло во Премиер лигата, а голот во 14. минута го постигна египетскиот фудбалер Омар Мармуш.

Египќанецот испрати вистински проектил од 30 метри и ја „скина“ мрежата на Кепа, а дефинитивно овој погодок ќе влезе во конкуренција за еден од најдобрите оваа сезона.

Фото: EPA PHOTO