
Манчестер сити нема пари за Вирц: Гвардиола веднаш „фрли око“ на ѕвезда на Барселона
Англиските медиуми пишуваат дека „граѓаните“ ќе тргнат по потписот на Дани Олмо од Барселона, чија вредност според „Трансфермаркт“ изнесува 60 милиони евра, меѓутоа Барселона најверојатно ќе бара околу 100 милиони.
„Граѓаните“ имаат слаба сезона и во моментов се борат за пласман на позициите кои водат во Лигата на шампиони (ЛШ).
Standings provided by Sofascore
Фото: Facebook/Manchester City