На Сити не му се даваат 300 милиони евра - пропаѓа трансферот на Вирц

Манчестер Сити дефинитивно се откажува од трансферот на Флоријан Вирц бидејќи во клубот процениле дека сумата што треба за него да се потроши е преголема.

Вкупно, таа би изнесувала околу 300 милиони евра во што не влегува само отштетата, туку и повеќегодишната плата на фудбалерот и провозијата за неговите застапници. Во Сити сметаат дека сумата е пренапумпана и не сакаат да влегуваат со лицитација со останатите клубови, а своето внимание ќе го насочат кон други фудбалери.

Оваа вест не им одговара на челниците на Баер Леверкузен кои се надеваа дека ќе можат да профитираат од големиот интерес за Вирц. Сега како најзаинтересиран остана Ливерпул со тоа што не е исклучено младиот фудбалер да замине во Реал, заедно со Чаби Алонсо.