
Барса се откажа од Нико Вилијамс, но планира да донесе две засилувања
Тогаш беше најавено дека Барса ќе се врати по баскискиот фудбалер на крајот од оваа сезона, ама во меѓувреме работите драстично се променија. Барса има одличен играч на местото на Вилијамс, Рафиња и нема шанси да го смени, а не одговараат ниту финансиските барања на Атлетик Билбао и на шпанскиот репрезентативец.
Сепак, Жоан Лапорта планира да му донесе две засилувања на Ханси Флик за новата сезона. Едната желба е Луис Дијаз од Ливерпул кој долго се поврзува со Барселона, а втората е Рафаел Леао од Милан иако е прашање на кое место би играл тој затоа што на неговата позиција е Рафиња.