Сити го демолира Борнмут, но победата е во сенка на збогувањето на Де Брујне (ВИДЕО)

Поранешниот англиски шампион Манчестер сити без поголеми проблеми го демолира Борнмут со 3-1, додека Кристал Палас со 4-2 славеше против Вулверхемптон во 37. коло од Премиер лигата.

Омар Мармуш беше стрелец на првиот гол на „граѓаните“, откако испрати неверојатен удар во 14. минута од мечот, по што Бернардо Силва зголеми на 2-0 во финишот од првото полувреме.

Борнмут делуваше лошо на теренот во вториот дел, иако краток период имаше и предност од фудбалер повеќе на теренот, поради црвениот картон на Матео Ковачиќ.

Победата за избраниците на Пеп Гвардиола ја потврди Нико во 89. минута кога ја затресе мрежата на Кепа за 3-0, по што Борнмут успеа да намали на 1-3 во последните секунди од мечот.

Победата на „граѓаните“, иако беше важна за пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), сепак ќе помине во сенка на збогувањето на Кевин Де Брујне.

Кристал Палас и Вувлерхемптон одиграа неверојатен натпревар во Лондон. Вулвс најпрво Агбаду стрелаше за 1-0 во 24. минута, по што Нкетија со два погодоци направи пресврт.

Чилвел зголеми на 3-1 во 50. минута, но Вулвс возврати преку Ларсен (2-3) и се надеваже дека може да избегне пораз, меѓутоа Езе го реши дуелот во финишот (4-2).

Фото: Facebook/Manchester City