
Купот на Македонија во женска конкуренција ќе се игра во Радовиш
Мажите ќе се борат за трофејот во Охрид, додека завршниот турнир за дамите ќе се одржи во Радовиш. Во полуфиналето се избегнаа најголемите фаворити Ѓорче Петров и Чаир, па шампионот ќе се сретне со Вардар, а чаирчанки со Металург Автокоманда.
Завршниот турнир од Купот на Македонија во женска конкуренција ќе се одржи на 30 и 31 мај.