
Ѓоковиќ објави - Србин ќе му биде тренер на „Ролан Гарос“
Познато е дека тој ја прекина соработката со Енди Мареј, па многумина се прашуваа кој ќе го води на претстојниот „Ролан Гарос“ кој почнува в недела. Изборот паднал на поранешниот српски тенисер Душан Вемиќ кој последните години живее и работи во САД, но и во минатото соработуваше со Ѓоковиќ.
„Во моментов не сум во потрага по тренер, мислам дека нема потреба за брзање во кој било контекст. Се чувствувам комфорно со луѓето што се околу мене. Го имам Душан Вемиќ, тој дојде од САД и ќе ме придружува во Женева и Париз, а Борис Бошњаковиќ е тука како аналитичар и тренер-асистент“, рече Ѓоковиќ.
Вемиќ беше покрај српскиот ас на УС Опен во 2011 и 2012, на Австралија Опен и „Ролан Гарос“ во 2012 и 2013, како и на Вимблдон во 2012 година. Ѓоковиќ освои три трофеи од тие седум Гренд слем турнири.