Калин по речиси тричасовна борба елиминиран од Хрватот Пољичак (ФОТО)
Одлично го отвори Калин мечот и со брејк уште во првиот гем поведе со 0-1, а во наредниот ги потврди.Сепак, Хрватскиот тенисер возврати во шестиот кога израмни на 3-3. Како одлучувачки во овој сет се покажа десеттиот гем кога Пољичак при резултат 5-4 направи и втор брејк за 6-4 и водство од 1-0 во сетови.
Слично започна и вториот сет, одново Ивановски веднаш дојде до брејк кој го чуваше се до 4-4 кога противникот го одзема неговиот сервис. Во продолжение двајцата тенисери беа сигурнји на свој сервис, па се играше тај-брејк во кој Ивановски беше подобар со 7-5 за израмнување во сетови.
Во третиот сет еден гем кој го направи во првиот гем на Пољичак му беше доволен да го добие сетот со 6-4 и така да слави победа.
Ивановски беше и единствен претставник на Македонија во поединечна конкуренција.