
Јунајтед има малер во своите редови: Онана уште не победил во финале од европските купови
Со Ајакс и Интер играше во финале од два европски купа, Лигата Европа и Лигата на шампионите, ама доживеа порази во двата финални натпревари. Во 2017 година, како член на Ајакс загуби во мечот за трофејот од Лигата Европа токму од Манчестер Јунајтед (0-2) чиј член е денес. Пред две години, пак, во дресот на Интер бранеше во финалето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити и тогаш доживеа пораз од 0-1.
Овој податок не му оди во прилог на Манчестер Јунајтед кој утре се среќава со Тотнем во финалето од Лигата Европа.