
Тренерот кој освојуваше титули со Надал станува дел од тимот на Синер!
Моја ќе му се приклучи на Синер во текот на 2026 година, откако актуелниот тренер Дарен Кејхил и Италијанецот ќе ја завршат соработката по крајот на оваа сезона.
Претходно, се најавуваше дека поранешниот тренер на Синер Рикардо Пјати, му препорачал повеќе имиња, а меѓу нив биле: Ренко Фурлан, Борис Бекер, Иван Љубичиќ и Карлос Моја, кој сега најверојатно ќе биде дел од тимот на Италијанецот.
Моја зад себе има богато искуство и огромен успех како тренер, од 2016 до 2024 година беше дел од тимот на Рафаел Надал, со кого освои бројни титули, вклучително и Гренд слемови. Откако Надал ја заврши својата професионална кариера годинава, Моја остана без ангажман.
Инаку, Моја кој има 48 години е поранешен победник на Ролан Гарос, а ќе остане запаметен и како првиот Шпанец кој се искачил на врвот на АТП листата во 1999 година.
Фото: Jannik Sinner/FB