
Големо дерби уште на стартот од плејофот – вечните ќе решаваат за титула во Скопје!
Екипата на Пелистер, кој во разигрувањето влегува со три бода, одбраната на титулата ќе ја почне со гостување кај Тиквеш, додека во „Јане Сандански“ ракометарите на Вардар ќе го пречекаат Алкалоид, со кого плејоф-фазата ја почнуваат со два бода. Амбициозниот Охрид, кој почнува со еден бод, на стартот ќе му гостува на Бутел, кој заедно со кавадарчани во новата лига влегуваат без бодови.
Вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар ќе се одигра прво во Битола во меч од 5.коло, а реваншот е во Скопје и тоа во последното коло, кога реално е да се очекува ќе биде решено прашањето околу титулата помеѓу големата тројка во македонскиот ракомет во која е и Алкалоид.