Луд натпревар на Шалке: Кариус одбрани пенал, прими гол, па се повреди (ВИДЕО)

Eкипатан а Шалке во еден луд натпревар од втората Бундеслига ремизираше 3-3 против Фурт, иако до 84. минута беше 3-1 за домаќините.

За домашниот состав погодуваа Масимо, Консбрук и Србењи, додека за Шалке стрелци беа Караман, Јунес и Сила.

Посебно внимание во натпреварот привлече и Лорис Кариус кој натпреварот нема да го памети по добро.

Искусниот голман кој од почетокот на годината го брани голот на Шалке при резултат 1-1 одбрани пенал на домаќинте, а потоа и одбиената топката, но на крајот сепак таа заврши во мрежата.

На крај во завршницата од полувремето Кариус и се повреди на бизарен начин. Видеото од неговата повреда можете да го погледнете тука.