Ред Бул го претстави специјалниот болид за трката во Јапонија (ВИДЕО)

Ред Бул го претстави новиот болид за трката за Големата награда на Јапонија. Ова ќе биде последна домашна трка на Хонда како партнер на Ред Бул.

Болидот РБ21 во Јапонија ќе излезе во бела боја, со цел да ѝ се оддаде почит на Хонда, а исто така дизајнот потсетува на јапонското знаме.

Трката во Јапонија е трета во сезоната во Формула 1, а ќе се вози наредниот викенд.