
ГРК Охрид промовира уште едно засилување – Словенец од Бундеслигата (ВИДЕО)
Тој доаѓа од бундеслигашот Хановер и се обврза на договор со македонскиот суперлигаш на две сезони што значи дека ќе остане во таборот на ГРК Охрид најмалку до 2027 година. Словенечкиот ракометар во германскиот тим ја почна интернационалната кариера, откако претходно настапуваше за Целје, Рико Рибница, Херц Шмартно и Рудар. Со Целје една сезона играше во Лигата на шампионите, каде што во сезоната 2022/23 постигна 53 гола.
Охрид со ова продолжи да го гради тимот со кој ќе атакува на трофеи во македонската лига, но и ќе се обиде да направи чекор напред на меѓународната сцена.